Skip to main content

Формирање на работна група

Проекти за промоција на туризмот во Вевчани

На средбата која се одржа во Општина Вевчани се дискутираше за досегашните реализирани активности и можности за идна соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
 |  инфодеск  | 
Средба Вевчани

Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски оствари средба со претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. На средбата се дискутираше за досегашните реализирани активности и можности за идна соработка.

Договорено е зајакнување на меѓусебната соработка и комуникација, како и формирање на работна група за развој на идни проекти и програми од областа на туризмот и промоција на туристичките локалитети на Општина Вевчани – напиша Кочовски, на официјалниот фејсбук профил.

Средба Вевчани