Физичка пресметка
Тепачка меѓу скопјанец и уште две лица
Нарушен е јавниот ред и мир во Охрид со физичка пресметка помеѓу 36-годишен скопјанец и уште други две лица.
На 20.07.2022 година во 07:35 часот во СВР Охрид пријавен е нарушен јавен ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Џ.Н.(36) од Скопје и уште две други лица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


