Кривична пријава
Пиштол и 22 куршуми пронајдени кај охриѓанец
Во домот на 28-годишен охриѓанец пронајдени се пиштол „ASTRA” калибар и 22 куршуми различен калибар што нелегално ги поседувал.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Ј.(28) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”.
На 16.07.2022 година, по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што полициските службеници пронајдоа и одзедоа еден 1 пиштол „ASTRA” калибар 6,35милиметр и 22 куршуми различен калибар што нелегално ги поседувал – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


