Skip to main content

Караманлис не се плаши од пораз

Грчкиот премиер Костас караманлис најави дека нема да поднесе оставка на лидерското место во неговата Нова демократија, во случај партијата да загуби на предвремените парламентарни избори на 4 октомври.

 |  Крсте Голабовски  | 
Kostas Karamanlis
Костас Караманлис
Грчкиот премиер Костас караманлис најави дека нема да поднесе оставка на лидерското место во неговата Нова демократија, во случај партијата да загуби на предвремените парламентарни избори на 4 октомври.

Kostas Karamanlis„Додека се чувствувам корисен, ќе останат на првата линија на битките и идеалите“, изјави караманлис на прес конференција во неделата во Солун.

Караманлис наведе дека одлуката да побара „нов мандат од народот“ не е ништо друго освен „национален интерес“.

Последните анкети на јавното мислење во Грција покажуваат стабилна предност од пет до шест проценти за опозиционата социјалистичка партија Пасок пред конзервативците на Караманлис.




{loadposition content9}