Охридско крајбрежје
Прилепчанец нападнал охриѓанец
35-годишен прилепчанец во близина на плажа на охридското крајбрежје нападнал охриѓанец. СВР ќе поднесе соодветна пријава.
На 23.07.2022 во 20 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.К.(35) од Прилеп.
Тој околу 19:30 часот во близина на плажа на охридското крајбрежје физички го нападнал Н.М.(40) од Охрид. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


