Заврши петтото издание на Beach Film Festival
Со прогласување на победниците по категории вчера вечерта на плажата Славија во Охрид беше затворено петтото издание на фестивалот на нов европски филм, Beach Film Festival.

На петтиот фестивалски ден, претпладне се оддржа практичниот, втор дел од работилницата за изработка на дизајн за филмски постер под менторство на Матеја Николиќ.


На завршната вечер на плажата Славија стручната жири комисија составена од тројца реномирани синеасти додели награди за најдобрите филмови под ѕвездите на петто издание Бич Филм Фестивал.
Режисерот Кавех Захеди член на годинешното жири ја прогласи наградата „Мал Бран“ и за најдобар го избра словенечкиот краткометражен филм „Сестри“ на Кукла Кешеровиќ.
Германски режисер, кинематографер и писател Фред Келеман ја додели наградата за најдобра улога на Анаис за француска комедија „Вљубената Анаис“ е од 2021 година во режија на Шарлин Буржоа-Таке.
Срѓан Драгојевиќ наградата „Голем бран“ ја подели на португалскиот филм „Бескрајно море“ во режија на Карлос Амарал и на словенечкиот филм „Кучка, погрден термин за жена“ во режија на Тијана Зинајиќ.
Додека за најдобар краткометражен студентски филм беше избран „Слобода“ во режија на Јоана Рознаик.
На завршната вечер публиката проследи проекција на краткометражниот филм „Перики“ во режија на Ангела Димеска и долгометражниот филм „Сестри“ во режија на Дина Дума.
Фестивалското изданието беше затворено со Дџ сет на Милан Серафимов.



