Skip to main content

Рајан Гигс посакува пензија

Еден од најдобрите во историјата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс пред медиумите во Манчестер проговори за неговите планови во иднина.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ryan Gigs
Рајан Гигс
Еден од најдобрите во историјата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс пред медиумите во Манчестер проговори за неговите планови во иднина.

Ryan Gigs“Фудбалот е мој живот, но јас нема да играм на 40 години и ќе побарам друг предизвик во овој спорт. Кога моето тело ќе ми каже дека не можам да играм на највисоко ниво повеќе јас ќе знам дека тоа ќе биде време за пензија. Сакам да ја завршам кариерата на високо ниво. Немам намера да играм во помали лиги како би ја рушел мојата кариера. Знам дека имам бројни можности за да останам во фудбалот, можам да бидам тренер, во медиумите или да работам со помали категории” – изјави Рајан Гигс.

Гигс во минатата сезона беше избран како најдобар во Премиер Лигата и можеби тогаш сите очекуваа истиот да се повлече од активното играње фудбал но велшанецот продолжува да настапува во црвениот дрес и се уште не е познато дали и оваа година ќе му биде последната како играч на Јунајтед.

{loadposition content9}