Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика

Дизелот поевтинува за два денари

Дизелот ќе поевтини за два денари, истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.
 |  инфодеск  | 
Точење на гориво

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42%. Според одлуката се намалува цената на дизелот за 2 денари, а бензините и маслото за домаќинство не се менуваат.

Од вечерва на полноќ новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 94 денари/литар, додека бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 и натаму ќе се продава по 95,5 денари/литар. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 98 по 98 денари/литар.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува 94,5 денари/литар, а на мазутот М-1 НС 52,840 денари/килограм.