Skip to main content

Хрватска

Спектакуларно отворање на Мостот Пељешац

Во Хрватска е отворен еден од најмодерните мостови. Мостот Пељешац треба да ја „прескокне“ Босна кај местото Неум, а долг е 2,4 километри.
 |  инфодеск  | 
Мост Хрватска

Со спектакуларен огномет и присуство на целиот политички врв на Хрватска и многу странски гости синоќа е пуштен во употреба 2,4 километри долгиот Мост Пељешац. 

Мостот кон Пељешац е еден од најголемите проекти во ЕУ и најголем во Хрватска финансиран од Унијата, официјално беше отворен во вторникот вечерта, а на полноќ започна редовниот сообраќај преку мостот што го поврзува југот на Хрватска со остатокот од земјата.

Мост Хрватска

Целодневната празнична програма, која се одвиваше од двете страни на мостот, кај почивалиштата Бријесто и Комарно, заврши со изведба на Химната на слободата и голем огномет, а потоа и свеченото отворање на 2.404 метри – долгиот мост, вреден околу 420 милиони евра.

Инаку, мостот е поставен на дванаесет столбови и два потпора, како што се нарекуваат почетна и крајна потпора на копното, Пељешкиот мост со вкупна должина од 2,4 километри ќе ги поврзува хрватскиот север и југ.

Мост Хрватска
Автомобил

За време на огнометот, преку мостот поминаа два автомобили од хрватско производство – електричната Невера на Мате Римац и автомобил „конструиран“ од познатиот автомобилски ас Нико Пулиќ, сето тоа придружено со звукот на дубровничките тромбонисти и биењето на сите црковни ѕвона во Дубровничката епархија.