Skip to main content

Меморандум за соработка меѓу Вевчани и АППТ

Беше истакната и потребата од информативни табли на кои ќе ги има најзначајните места, објекти и локалитети со кои располага општина Вевчани.
 |  инфодеск  | 
Меморандум за соработка Вевчани и АППТ

Во просториите на општина Вевчани градоначалникот Спасе Кочовски и директорот на АППТ д-р Љупчо Јаневски потпишаа меморандум за соработка и дејствување во областа на туризмот. Со тоа Локалната самоуправа и Агенцијата за подршка и промоција на туризмот се обврзаа дека ќе работат на афирмација и креирање на услови за развој на туризмот.

Вевчани

Потписниците се обврзаа дека заеднички ќе делуваат и меѓусебно соработуваат преку размена на искуства и најдобри практики, како и учество во настани и активности од заеднички интерес.

Подготовка, развивање и учество во заеднички проекти и истражувачки активности како и организирање трибини, советувања и други настани за развивање и промоција на туризмот.

Меморандум за соработка Вевчани и АППТ

На средбата од страна на директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски беше посочена неопходната промоција на туристичките потенцијали со кои располага Вевчани сместена под падините на Јабланица на туристичките саеми надвор од државата, одржување на трибина за развој на руралниот туризам, категоризација на туристичките сместувачки капацитети со кои располага општината и нејзино мотивирање преку туристичка такса да се уредуваат и издаваат и други објекти за привлекување на што поголем број на туристи.

Вевчани

Исто така беше истакната и потребата од изградба на информативни табли на кои ќе ги има најзначајните места, објекти и локалитети со кои располага општина Вевчани.

Вевчани