Сеуште не се преземени мерки за санација
Оштетен мостот кон Вапила и Ливоишта
Оштетувањето настанало при сообраќајна несреќа која се случила пред повеќе од еден месец, откако автомобил излетал од мостот.
Големо оштетување е забележано на мостот кон селата Вапила и Ливоишта.
Како што велат жителите, оштетувањето настанало при сообраќајна несреќа која се случила пред повеќе од еден месец, откако автомобил излетал од мостот.
Жителите се жалат дека не се преземени никакви мерки за санација на мостот, на кој едвај се разминуваат возилата, бидејќи нема заштитна ограда.


