Skip to main content

Туризам

Slow food Охрид: „Вкусете го Охрид локално“

Tуристите ќе имаат можност да вкусат традиционални локални производи. Настанот ќе се одржи в сабота, 30ти јули, од 19 часот на плоштадот „Долна порта“.
 |  Валентина Неловска  | 
slow food

Од Slow food д Охрид повикуваат „Вкусете го Охрид локално“. Организираат настан на кој ќе се презентираат гастрономски специјалитети произведени од локални намирници од нашиот микро регион. Безквасен домашен леб, охридски пица и хамбургер, макало и варена шунка, ладно цедено масло и намаз од лешник, домашно пржено кафе се само дел од прозиводите кои ќе бидат изложени на малиот плоштад „Долна порта“, во сабота, информира Проф . д-р Ангела Пасквале.

Охрид има што да презентира. Глобалното да го претвориме во локално она што го бараат туристите и да им дадеме поддршка на локалните производители. Парите да останат во нашиот регион, да циркулираат и да има економско зајакнување на нашиот регион.Тоа ќе биде дегустација, едукација и забава истовремено. Повикувам граѓаните и туристите да ги посетат штандовите и да ги пробаат производите. Препорачувам, исто така,да внимаваат што купуваат и да дадат поддршка на локалните производители. Посебно во ова кризно време“,истакна Пасквале.

„Вкусете го Охрид локално“ е прв настан во органаиција на Slow food Охрид , а интенцијата е да прерасне во традиционална манифестација. Покрај 16 те охридски производители на настанот во сабота ќе бидат присутни и претставници од Slow food Водно и Slow food Битола. Пасквале напоменува дека успеале да подготват подарок пакет со специфични производи кои ќе може да се купат по пристапни цени.

Тоа е добар подарок за туристите да понесат спомени од убавите моменти поминати во Охрид. Да ги поделат со пријателите. Gift box кој ќе се поврзува како локален идентитет со локални производи“, вели Пасквале.

Целта на Slow food Охрид е да помогне да се вмрежат производителите и угостителските објекти од регионот. Во иднина, плановите се да изготват Slow food travel платформа каде што рестораните на мени ќе нудат локални продукти.