Лишени од слобода
Кичевчани фатени со кокаин во Охрид
Полицијата приведе двајца кичевчани кај кои при претрес на ул. „Јане Сандански“ во Охрид, пронајдени се неколку пакувања со кокаин.
На 28.07.2022 во 00:30 часот на улица „Јане Сандански” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода П.С.(33) и И.П.(23), двајцата од Кичево.
При контрола на патнички возило „фолксваген пасат”, со кичевски регистарски ознаки, полициски службеници ги забележале лицата како исфрлаат две пакувања, кои откако биле пронајдени, констатирано е дека во нив има кокаин. Исто така, во возилото биле пронајдени уште три пакувања со кокаин. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


