Skip to main content

велосипедизам

Нова критична маса Струга

Иницијативата ќе направи долг круг по градските улици славејќи, но истовремено протестирајќи за правата на велосипедистите.Целта е да се подигне свеста кај возачите, да се зголеми желбата на граѓаните за велосипедизмот и да бидеме пример за поеколошки град.
 |  инфодеск  | 
Критична маса струга

Денес во 18 часот во Струга ќе се одржи нова Критична маса, со почеток од градскиот плоштад во Струга. Спонтаната организација на велосипедисти ќе направи долг круг по градските улици славејќи, но истовремено протестирајќи за правата на велосипедистите.

Целта на оваа активност е да се подигне свеста кај возачите, да се зголеми желбата на граѓаните за велосипедизмот и да бидеме пример за поеколошки град.

Оваа еколошка иницијатива наречена „Critical Mass Struga“, ги собира велосипедистите на градскиот плоштад во Струга, и секој месец парадира по улиците на Струга.

Критична маса е општествено движење, не формализирано во типични форми на здруженија, организации или деловни активности. Не постои никаква хиерархија, што значи дека нема водач или одговорно лице за групата. Единствената формализација на активноста е прелиминарно утврдување на распоред за состанок на велосипедисти, како и едноставен план што треба да се следи.

Љубители на велосипеди и љубители на спортот, членови на критична маса Струга,
Civil Initiative, Struga Eagles, КАБ Струга, Rupicapra MTB Struga, Sportski Klub Solaris Struga, Bamirësit Struganë, ќе возаат низ улициците:

  1. Туристичка, 2. Марки на Енгелс
  2. Партизански, 4. Кеј Борис Кидрич
  3. 15-ти Корпус, 6. Владо Малески
  4. Пролетерска бригада, 8. Боро Хаџиески идр.
    Вкупно 5 км. Ве очекуваме.