Физички напад
Нападната охриѓанка во деловен објект
Охриѓанец го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз 42-годишна жена од Охрид, во деловен објект на улицата „Партизанска“.
На 29.07.2022 година во СВР Охрид пријавено е дека во деловен објект лоциран на улицата „Партизанска” во Охрид, Ѓ.Л. го нарушил јавниот ред и мир.
Тој физички ја нападнал Е.П.(42), двајцата од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.


