Skip to main content

Косовска влада

Одложена одлуката за регистарски таблички

Kосовската Влада ја одложи одлуката за регистарските таблички до 1 септември. Србите ја поминаа ноќта на барикадите.
 |  инфодеск  | 
Влада Косово

Утрово на северот на Косово и Метохија е мирно, по бурното деноноќие. Приштина ја одложи одлуката за реципроцитетни мерки за 1 септември.

Србите ја поминаа ноќта на барикадите. Вчерашниот ден започна со движењата на косовската полиција кои ги најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а потоа имаше барикади и пукотници.

Причината за тензијата е што примената на реципроцитетните мерки требаше да почне на 1 август, поточно, како што соопшти косовската Влада, од полноќ на сите што ќе дојдат на премините со лична карта на Република Србија ќе им биде врачен влезно-излезен документ.

Исто така, требаше да почне и пререгистрацијата на возилата со српски таблички на косовски таблички. Oколу полноќ од Приштина стигна вест дека спроведувањето на овие две одлуки е одложено за еден месец.