Во поплавите во источниот дел на Кентаки загинаа најмалку 28 луѓе, меѓу кои четири деца, изјави гувернерот на таа американска држава Енди Бешеар.
Водата однесе некои домови во најтешко погодените области по неколкудневните обилни дождови, еден од најлошите во историјата на државата, според гувернерот, објави Ројтерс.
Спасувачките екипи со чамци минуваат низ станбени и деловни области во потрага по жртви.
Сè исчезна, буквално. Целата канцеларија ја нема – изјави Рејчел Патон, една од загрозените од поплавата, за ТВ WCS. Околу неа сите куќи беа поплавени со вода.
Моравме да пливаме надвор од собите, беше студено. Водата беше над мојата глава, па, да, беше страшно – додал Патон.
Официјалните лица предупредуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи се предвидуваат дождови кои би можеле да ги попречат спасувачките напори.
Поплавите се втора голема катастрофа во Кентаки во последните седум месеци, откако „рој“ торнада однесе речиси 80 животи во западниот дел на американската сојузна држава во декември.
Електричните мрежи беа значително оштетени, па околу 14.000 домови останаа без струја во неделата попладне.