Skip to main content

Туризам

Туристичките водичи задоволни од сезоната

Туристичките водичи задоволни од летната сезона. Се вратија организираните странски групи од Холандија, Англија, Полска, Турција, Литванија, Чешка и Израел, кои ова лето ги запознаваат културно-историските убавини на Охрид. Најпосетуваниот туристички локалитет е Музејот на вода во Градиште.
 |  инфодеск  | 
охридско крајбрежје кај пристаниште

Туристичките водичи задоволни од летната сезона. Иако, според досегашниот тек оваа туристичка сезона не може да се оцени како најуспешните години пред пандемијата, сепак ќе значи закрепнување на полето на туризмот.

Се вратија организираните странски групи од Холандија, Англија, Полска, Турција, Литванија, Чешка  и Израел, кои ова лето ги запознаваат куртурно-историските убавини на Охрид.

Во Охрид старото градско јадро, особено е популарна црквата Св. Јован Канео, не опусто е и најфотографираната црква во земјава. Исто така Охридското езеро, луѓето се воодушевуваат од него и Св. Наум комплексот, поради несекојдневната убавина. Како се испреплетени архитектурата  природата и се заедно – вели Весна Коцевска, туристички водич од Охрид.

Весна Коцевска

И годинава најпосетуваниот туристички локалитет е Музејот на вода во Градиште. Потоа Самоиловата тврдина, катедралната Св. Софија и Светиклиментовиот храм на Плаошник.

Од Турција доаѓаме, за прв пат сме овде. Охрид е многу убав , убаво си поминуваме – вели туристика од Турција.

Од Турција сме овде, многу ни се допаѓа Алипашината џамија, многу е убаво овде – вели гостинка од Турција.

По втор пат сум тука, минатата година дојдовме на одмор, многу е убаво Го сакам Охрид и ја сакам Македонија – вели гостин од Германија.

Ние сме со мотор дојдени се возиме од Словенија, Хрватска, Црна Гора, Албанија, тука сме четири денови, оттука одиме за Скадарско езеро, па Сараево, Шибеник па дома. Охрид е Охрид – вели гостинка од Штип.

После две години многу е убаво. Ја посетивме Самоиловата тврдина, старата чаршија, Свети Наум. Супер одлично е – вели гостин од Кавадарци.

Убаво е овде, времето е убаво, луѓето се гостопримливи. Ќе останеме седум дена – велат туристи од Холандија.

Се ми се допадна овде, бевме Свети Наум, преубаво е езерото. Луѓето се пријатни – вели гостинка од Холандија.

Деновиве Охрид го живее шпицот на летната сезона. Хотелските капацитети и приватното сместување бележат солидна исполнетост.

Новинар : Соња Рилковска