Квалитетно водоснабдување
Нова водоводна линија на ул. Карпош Војвода
Средствата за реализација на проектот се обезбедени од Локалната самоуправа на Општина Охрид, велат од ЈП „Водовод“ Охрид.
Jавното претпријатие „Вoдовод“ Охрид започна со изведба на нова водоводна линија на улицата „Карпош Војвода“, наменета за новиот блок згради во населбата Расадник.
Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф110 во должина од 230 м – информираат од претпријатието.

Додаваат дека средствата за реализација на проектот се обезбедени од Локалната самоуправа на Општина Охрид.


