Ивана Неделкоска во конкуренција жени и Кристијан Стојановски во конкуренција мажи, и двајцата од Пливачки клуб Скопје се победници на малиот пливачки маратон. Тие беа најдобри во конкуренција од 44 пливачи. Кристијан патеката долга 2.5 километри од плажата Горица до градскиот ја исплива со време од 31:38:74, а Ивана за 34:34:25. И двајцата учествувале повеќе пати на маратонот при што познати им се и патеката и условите.
„Среќен сум што победив годинава, тоа ми е репер за понатаму да тренирам повеќе, имам поголеми цели и се спремам за подолги и поголеми маратони“, вели Кристијан Стојановски.
На маратонот учествуваа десетина пливачи од охридските пливачки школи. Домаќините достојно го претставуваа градот и домашните школи и клубови. Предраг Мургоски од пливачкиот клуб „Аква спирит“ од Охрид, го освои третото место во категорија до 16 години со време од 43:25:90. Тој смета дека треба да се работи повеќе, но дека се потребни услови за да се стигне до подобри резултати.
„Веројатно клучно е да се затвори фамозниот базен со 25 метри. Да имаме затворен базен, ќе дојдат и нашите резултати, ќе се надоградуваат уште повеќе.“, смета Предраг Мургоски.
Годинава учесник на маратионот беше и едно лице со попреченост кое параплегијата не успеа да го обесхрабри да се впушти во охридските води и да се натпреварува. На маратонот учествуваше и туристот Брендон Мекенли од Вашингтонг САД кој често доаѓа во Македонија. Брендон учествуваше надвор од категориите на маратонот и имаше пофални зборови за патеката и учесниците.
„Ова е неверојатно забавна,но и безбедна патека. Децата се многу силни, јас завршив зад младите девојки, но ми беше задоволство што учествував.“, кажа Брендон Мекенли.
Настанот помина во беспрекорна организација. Членот на организациониот одбор Сашо Точков изјави дека немало интервенции.
„Задоволство е што бројакта секоја година е горе долу тука околу 50 пливачи, добро е што се ќе помине во најдобар ред, се грижат екипите на Црвен Крст и на спасители и медицинските тимови кои што на стартот вршеа прегледи, а секако дека сите оние безбедносни мерки кои што се важни при оджување на овие настани се преземени.“, соопштува Сашо Точков.
За регуларноста на маратонот се грижеа 10 судии . Од сите натпреварувачи од 13 клубови од Македонија распоредот на првите места беше следен: Над 17 годни во категорија мажи второ место освои Урош Трпоски од клубот 3 дисциплини од Струга, трето Предраг Мургоски од Аква спирит. Воконкуренција жени, второ место Јована Неделковска од ПК Скопје и трето место Ангела Смилевска од ПК Орион Скопје.
До 16 годни, во категорија мажи прво место Никола Велковски ПК Вардар Скопје, второ место Стефан Тодоров од ПК Вардар Скопје и трето место Сергеј Малјановски Арнаудовски од ПК Октопод Скопје. Во категорија жени прво место Сара Јанковиќ ПК Скопје, второ место Неда Миленковска од ПК Младост Скопје и Росана Гошева од истиот клуб, трето место.За маратонот годинава вкупно се пријавени 44 пливачи од кои 29 мажи и 15 жени. Натпреварувачите ќе бидат поделени во две категории. Првата категорија е до 16 години и помлади, а втората од 17 години и повозрасни, но, не повозрасни од 35 години.