Skip to main content

Одбележување со едукативен настан

Светски ден на борба против хепатитот

Загрижува тоа што 90% од луѓето кои живеат со вирусен хепатитис, не се свесни дека го имаат, посочуваат организаторите на настанот.
 |  инфодеск  | 
Хепатит б

Речиси 3000 луѓе умираат од хепатитис Б и Ц секој ден. На секои 30 секунди еден човек го губи животот од хепатитис Б и Ц. Навременото тестирање и лекување на хепатитис Б, Ц и Д може да спаси животи.

По повод Светскиот ден на борба против хепатитот, на 5 август на плоштадот во Охрид со почеток во 10:0 часот ќе се одржи едукативен настан во организација на Хепар Центар Битола во соработка со пациентска организација за ретки болеси “Ретко е да си редок” од Охрид, на кој пошироката јавност ќе биде запознаена со хепатитисот како болест и начините нја превенција, заштита и лекување.

Мото на настанот е “I Can’t Wait’ Wе Cant Wait, Hep Cant Wait“.

Доколку навремено не лекува Хепатитис Б, Ц и Д може да доведе до рак на црниот дроб.

Загрижува тоа што 90% од луѓето кои живеат со вирусен хепатитис, а не се свесни дека го имаат, посочуваат организаторите на настанот кој има за цел подигање на јавната свест за борба против хепатитис.