Skip to main content

Туристички центри

Засилено да се работи на пристапен туризам

Туристичките центри мора засилено да работат на пристапен туризам. На лицата со телесен инвалидитет, движењето се колички по улиците им е отежнато, пристапот до вториот кат, високите тротоари, рабниците на пешачките премини се пречка за нив, па поради тоа неопходна им е дополнителна помош.
 |  инфодеск  | 
Пристапен туризам

Архитектонските бариери остануваат едни од најгорливите проблеми со кои се соочуваат лицата со телесен инвалидитет.

Движењето се колички по улиците им е отежнато, пристапот до вториот кат, високите тротоари, рабниците на пешачките премини се пречка за нив, па поради тоа неопходна им е дополнителна помош.

Тежок пристап до Kејот за лицата со хендикеп

Иста е состојбата низ сите градови во земјава, но забележително е во туристичките центри, кога инвалидизираните лица одмараат на брегот на Охридското езеро.

Од „Мобилност“ Скопје велат, изминативе десетина година, направени се некои чекори, но тоа е навидум, само на изглед како фасада. За да се влезе во една институција не е потребно само поставување на една рампа.

Потребни се спуштени шалтери, пристапни тоалети, лифтови, достапни врати. Потребна е подобра инфраструктура, но свеста во земјава за жал  е сеуште ниска.

Пристапноста е еден од најголемите проблеми во нашата држава, таа е толку комплексна ние постојано говориме се тудиме, правиме и проекти и барања. Ние како граѓани на светот, како човеково суштество го имаме правото на таа пристапност, да не говорам по меѓународната конвенција што апсолутно по повелбата треба да ги имаме тие права. Меѓутоа тие бариери се повторно ќе речам производ на човекот. Ние треба да ги бараме, но од другата страна треба да ни ги задоволат – вели Христина Просковска, од „Мобилност“ Скопје.

Пристапен туризам

Туристичките центри мора засилено да работат на пристапен туризам. Лицата со инвалидитет сеуште се среќаваат со голем број препреки кои дополнително им го отежнуваат секојдневнието.

Ние тука на ниво на цела Македонија ги поседуваме овие апартмани и доаѓаме на одмор ако може барем уличките некако да ни се направат да може во тој смисол да можеме слободно да се движиме, бидејќи не е голема инвестиција мислам дека ќе ни излезат во пресрет – вели Гоце Миновски, претседател на „Мобилност“ Скопје.

Пристапен туризам

Од здружението „Мобилност“ најавија дека постојано работат на отстранувањето на физичките бариери и поголема пристапност.

Инаку, во земјава се проценува дека 10% или околу 200 илјади жители се лица со инвалидитет.

Новинар : Соња Рилковска