Skip to main content

Престрелка

На фарма во Австралија убиени 3 лица

Полицијата на Северна Австралија трага по напаѓачот кој на фарма во Боги со огнено оружје уби три лица, а еден човек е повреден.
 |  инфодеск  | 
Австралија убиство на фарма

Полицијата во Северна Австралија трага по маж што утрово застрела и уби три лица на оддалечена фарма. Во престрелката уште едно лице е тешко повредено.

Полицијата во Квинсленд го блокирала пристапот до местото на настанот, сточарска фарма во Боги, додека трага по „убиецот или убијците“, пишува Би-би-си.

Тешко повредениот маж патувал многу, многу километри за да ги предупреди властите. Кога разговараше со нас, беше во состојба на шок. Добил прострелна рана во пределот на стомакот и беше пренесен во Градската болница Мекеј на итна операција – рече полицијата.

„Сега сме во рана фаза на истрагата. Не знаеме кој е одговорен“, додаваат тие.

Засега жртвите не се официјално идентификувани, но полицијата верува дека се роднини на повредениот.

Околу 200 луѓе живеат во Боги, околу 1.200 километри северно од Бризбејн.

Австралија има некои од најстрогите закони за оружје во светот, воведени откако вооружен маж уби 35 луѓе во Порт Артур во 1996 година.