Збирка раскази
Промоција на книгата Интимно со пандемијата
Книгата беше издадена во 2021 година, но поради тогашните протоколи за пандемија беше промовирана онлајн, посочуваат организаторите.
Во сабота со почеток од 19:30 часот во просториите на „Култура 365“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Интимно со пандемијата“ од група автори.
Промотори на книгата ќе бидат Лилјана Пандева и Мерсиха Исмајлоска.
„Интимно со пандемијата“ е збирка од 26 раскази од 17 автори, кои ја споделуваат со читателот интимата на главните ликови во време на пандемијата предизвикана од вирусот ковид-19. Се работи за шаренило на нарации и главни ликови кои заедно сочинуваат еден мозаи, едно дело кое по години би се читало како сведоштво на ова тешко време на пандемија – се посочува во најавата за настанот.
Книгата беше издадена во 2021 година, но поради тогашните протоколи за пандемија беше промовирана онлајн, посочуваат организаторите.


