Дрим шорт фестивал како Кула од вечности
Под мотото „Кула од вечности“ од 6ти до 9ти август во Струга ќе се одржи Шестото издание на Фестивалот на кратки филмови „Дрим Шорт 2022“.
На годинешното издание ќе може да се погледнат филмови во четири натпреварувачки категории: студентска, регионална, интернационална и специјалната програма насловена „Соочување со минатото“, а на публиката ќе и биде понудена и нова креативна платформа вели Лидија Мојсовска, креативен продуцент на фестивалот.
„Која што во принцип за прв пат ќе се случи во рамките на еден филмски фестивал во Македонија барем ние така знаеме, тоа е ВР програмта која што ќе вклучи неколку остварувања од Холандија и публиката ќе може да ги погледне од 6 до 9 август.Додаваме уште една специјална програма на македонски филмови, вкупно 34 филмови од кои 10 ќе бидат македонски, со што на некој начин ја одржуваме каузата за промоција на млади македонски автори.“, информира Лидија Мојсовска креативен продуцент на фестивалот.
На отворањето, најавена е промоција на книгата со рецензии „Дух во школка“ на македонската филмска критичарка Сунчица Уневска. Во рамки на Фестивалот ќе се одржи изложбата “Killing Culture” на Хрвоје Полан и дискусија на тема „Различни начини на раскажување приказни“.
Како дел од балканска филмска мрежа формирана заедно со партнерите од Србија и Црна Гора, Башта фест и Синема филм фестивал годинава за прв пат е започнат проект за едукативна програма на фестивалот насочена на младите автори истакнува Лидија Мојсовска.
„Во текот на фестивалот ќе се одржи работилницата „Fund ready“ со менторите Марија Димитрова и Ѓорче Ставрески и во текот на тие три денови тие ќе учат нови практики како да создадат една нова стратегија за финанасирање на своите кратки филмови и како да ги пласираат за продажба за копродукција.“, потенцира Мојсовска.
Селектор на компетитивната програма е српскиот режисер Иван Бакрач, а за гостинската програма во соработка со Сараевскиот филмски фестивал задолжена е селекторка односно кураторка Асија Крсмановиќ.
Додека мешано шестчлено жири составено од Македонски, Црногорски и Српски синеасти ќе одлучува за најдобрите филмови во четирите категори.
Неизоставен дел од Фестивалот е музичката ОФФ програма, која со Дџејски сетови ќе ги продолжи филмските летни ноќи.