Три и пол години раскопани тротоари
И туристите и стружани се сопкаат на откорнатите бекатон плочки.
| Биљана Колоска | Струга
плочки
И туристите и стружани се сопкаат на откорнатите бекатон плочки. Граѓаните се застрамени од неажурноста на Локалната самоуправа.
Стружани кренаа раце дека некогаш ќе се санира тротоарот во центарот на градот. Откорнати бекатон плочки веќе 3 ипол година, растурени стојат на тротоарот на улицата „15 Корпус“ на спојот со улицата „Партизанска“. Тие во повеќе наврати се причина поради која граѓаните се соочуваат со несакани појави. Речиси и да нема минувач што на тоа место не се сопнал или паднал. За жал со вакво искуство и ова лето се соочиа и бројните туристите.
Каков изговор да измислиме пред туристите?
„Ова не е првпат, тротоарот раскопан стои веќе трето лето. Засрамени сме од ваквата ситуација, велат граѓаните. Туристички град а пред „Женска плажа“ имаме имаме невиден хаос, на расфрлани бекатон плочки“- додаваат стружани.
Струшката јавност е добро запозната со причината поради која се раскопа тротоарот. Години наназад надлежните од Општина Струга се обидоа да ги отстранат бекатон плочките, со цел да се прошири улицата. Оваа идеа наиде на реакција од страна на граѓаните од овој дел на градот, кои се сомневаа дека на тој потег ќе се прави постојка. Затоа зафатите беа стопирани и граѓаните покренаа судска постапка.
Судот донесе одлука во наша корист, вели секретарот на о.Струга Зоран Гулицоски. Сега, веднаш ќе се пристатпи со уредување на делот од почетокот на тротоарот и останатиот наспроти „Женска плажа“- потенцира секретарот Гулицоски.

{loadposition content9}