Најмалку 4 лица загинаа, а 3 се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи кај селото Гавраилово во Бугарија.
Како што пишуваат бугарските медиуми, се случил директен судир на два мини-автобуса, откако едниот од возачите изгубил контрола и влегол во соседната коловозна лента, удрил во другиот автобус, по што се запалил.
Четворица починале на лице место, а еден се наоѓа на интензивна нега во живото загрозувачка состојба. Уште две лица од тешката несреќа се примени во болница со повеќекратни скршеници.
Според bTV, тоа се работници од блискиот каменолом.