Лишен од слобода
Пронајдена дрога кај ресенчанец во Охрид
Кеса со бела прашкаста материја, пронајдена кај ресенчанец во Охрид. Во неговиот дом е пронајдена и дробилка со остатоци од марихуана.
На 05.08.2022 во 22:10 часот на ул. „Стив Наумов” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Ф.Ш.(25) од Ресен затоа што кај него била пронајдена и одземена кеса со бела прашкаста материја.
Дополнителено, при претрес во неговиот дом во Охрид, извршен со судска наредба, пронајдена и одземена е дробилка со остатоци од марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


