Фолклорен ансамбл
Отекс Фолк на 10 дневна турнеја во Италија
Фолклорниот ансамбл „Отекс Фолк“ денеска заминува на 10 дневна турнеја во Италија, каде ќе учествува на Меѓународен фолклорен фестивал.
Пробите се завршени, кореографиите извежбани.
Денес, Фолклорниот Ансамбл „Отекс Фолк“ заминува на голема 10 дневна турнеја во Италија.
Ќе учествуваме на Меѓународниот фолклорен фестивал „Pentria“ во регионот Молизе заедно со групи од Хрватска, Словачка, Романија, Кенија и Непал – велат од ФА „Отекс Фолк“.
Ние им посакуваме среќен пат и голем успех на натпреварот!!!


