Skip to main content

Ребалансот на Буџетот влегува во собраниска процедура

Ребалансот на Буџетот на Република Македонија за 2009 година со кој се кратат расходите и приходите за 3,2 проценти од денеска е на разгледување во Парламентот.

sobranie
собрание
Ребалансот на Буџетот на Република Македонија за 2009 година со кој се кратат расходите и приходите за 3,2 проценти од денеска е на разгледување во Парламентот.
Почнува со расправа во собраниската Комисија за економски прашања, а во матичната Комисијата за финансирање и буџет ќе се најде наредната недела.

platezni sredstvaСо овој ребаланс, кој е втор годинава, се проектирани приходи од 138,459 милијарди денари и расходи од 149,5 милијарди денари. Дефицитот се намалува околу 300 милиони денари, а ќе остане во проектираните рамки од 2,8 отсто од БДП.

Ребалансот се прави со цел да се приспособи трошењето на државата со она што се случува во реалната економија. Направени се заштеди во сите категории на расходната страна. Предвидено е да се намали ставката на плати за 684 милиони денари, ставката за дневници и службени патувања е исто така намалена и до 50 проценти кај некои корисници, а капиталните расходи се намалени за 18 отсто. Кај социјалните трансфери нема промена.
Со најновите измени на Буџетот се одложуваат проектите за набавка на автобусите за градскиот сообраќај во Скопје, а со забавена динамика ќе се реализираат и проектите за опрема за лабораториите, Музејот на ВМРО, жичницата на Водно.
Проекциите на стапката на БДП на годишно ниво со овој ребаланс се утврдени на минус 0,6 проценти, а инфлацијата на 0,1 отсто.

{loadposition content9}