Фестивали на отворено
Филмскиот дух на летна сцена во Струга
Намерата е збогатување на културната програма во градот. Повисоката цел е да ја врќање на кино културата во Струга. Oдносно враќање на редовната кино програма која за ја нема ни во Охрид, ни во Струга.
Шестото издание на Фестивалот за кратки филмови Дрим Шорт 2022, деновиве го оживува филмскиот дух на Летната сцена во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.
И покрај скромниот и негламурозен и прилично неформален пристап, првите два фестивалски денови поминаа со најголема посетеност од сите претходни изданија вели Јаков Поповски, дел од организацијата на фестивалот.
До 9 август фестивалот нуди многубројни проекции на кратки филмови во неколку категории, студентска, регионална, меѓународна и специјалната програма „Соочување со минатото“, но и неколку други настани кои се „оф-програмата“.
Дознајте повеќе од видеото 👇👇


