Skip to main content

Нарушен јавниот ред и мир

Тепачка на улицата Васил Стефоски во Охрид

Двајца охриѓани на возраст од 64 и 48 години, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид.
 |  инфодеск  | 
Тепачка

На 08.08.2022 во 10:40 часот, на улицата „Васил Стефоски” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со расправија и физичка пресметка помеѓу А.Е.(64) и Р.Е.(48), двајцата од Охрид.

Против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.