На првиот ден од традиционалната крводарителска акција „Плаошник 22“, вчера за само 5 часа, од 19 до 00 ч. беа собрани 51 единицa крв, информираат од Црвен крст Охрид.
Им благодариме на крводарителите кои ја искажаа својата хуманост дарувајќи крв. Продолжуваме со крводарителската акција и денес и ги покануваме нашите хуманите сограѓани и гости да си го освежат денот, дарувајќи крв од 9 до 13 ч. во ОУ „Св. Климент Охридски“-спортска сала – додаваат оттаму.