Skip to main content

Храбро срце

Одбележување на денот на органодарителство

Настанот на градскиот плоштад во Охрид на 13.8.2022 (сабота) во 12:00 ч. има за цел подигнување на јавната свест за потребата и важноста од донирање органи и поддршка на сите пациенти кои се на листата за трансплантација.
 |  инфодеск  | 
Храбро срце

Национално Здружение ,,Храбро срце” трета година по ред го одбележува Светскиот ден на органодарителството на плоштадот во Охрид.

За таа цел, ќе бидат поделени едукативни флаери за подигнување на свеста, ќе бидат присутни истакнати кардиолози, интернисти, анестезиолози, матични лекари и медицински сестри кои секоја година ја даваат својата поддршка на макотрпните заложби на Здружението за подигнување на свеста за кадаверични трансплантации.

Отворена е поканата за сите на градскиот плоштад во Охрид на 13.8.2022 (сабота) во 12:00 ч. Вашето малку, за нас значи многу! Ве очекуваме. Подари орган, спаси живот, апелираат организаторите.