Приведен охриѓанец
Физички нападнал женски член на семејството
Приведен е 63-годишен охриѓанец кој физички нападнал женски член на семејството, информираат од СВР Охрид.
На 09.08.2022 година во СВР Охрид е приведен З.А.(63) од Охрид, кој, во својот дом во Охрид, физички нападнал женски член на семејството.
По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.


