На 10.08.2022 во 11:10 часот било пријавено дека во Охрид на крстосницата од ул. „Гоце Делчев“ со ул. „Никола Петров Русински“, велосипед управуван од М.Ќ.(80) од Охрид паднал на коловозот, откако патничко возило му го пресекло правецот на движење.
Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.