Свр
Кумановец приведен во Охрид
Пронајдени предмети со остатоци од опојна дрога марихуана и кокаин кај 22-годишен кумановец во стан во Охрид.
На 13.08.2022 година во 20:30 часот, во СВР Охрид, лишен од слобода е К.Ж.(22) од Куманово.
При претрес извршен во стан во Охрид, што привремено го користел, полициските службеници пронашле и одзеле предмети со остатоци од опојна дрога марихуана и кокаин. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


