Музичка и драмска класика на Охридско лето
Вечерва на репертоарот на Охридско лето, публиката на различни локации ќе може да проследи музичка и драмска класика.
Во 21.00 часот во Црквата Св.Софија како дел од музичката програма музички времеплов на Андрија Минчиќ – кларинет со Тадија Минчиќ-фагот во соработка со Никола Цветковиќ – пијано Србија ќе се изведуваат :
К. Сен-Санс: Соната за фагот G-dur оп. 168
Allegro moderato, Allegro scherzando
Molto adagio – Allegro moderato
Г. Коларовски: Соната за пијано III став – Toccata
А. Гргин: Кончертино за кларинет
Л. В. Бетовен: Трио кларинет, фагот и пијано оп. 11 B-dur “Гасенхауер трио“
Allegretto con brio, Adagio
Tema con variazioni: “Pria ch’io l’impegno”: Allegretto
Андрија Минчиќ дипломира во класата на проф. Анте Гргин, а потоа специјализира камерна музика на Факултетот за уметности при Универзитетот во Ниш.
Тадија Минчиќ е роден во 1990 година во Ниш и започнува да учи фагот со проф. Мирко Исаески (ФМУ Белград) а дипломира и магистрира во класата на проф. Еберхард Маршал на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Минхен.
Никола Цветковиќ дипломира и магистрира на Факултетот за уметности во Ниш во 2013 година. За време на студиите како соло уметник и камерен музичар настапува учествува на бројни натпревари во земјата и странство.
Додека пак во истиот термин во Центар за култура „Григор Прличев ќе биде изведена театарската претстава „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен
Режијата е на Нина Николиќ, а улогите ги толкуваат ѕвездите на Македонски народен театар.
Да се каже дека денес некој класик на драмската литература е актуелен, звучи општо кажано. Но, кога ќе го погледнеме драмскиот текст на Хенрик Ибзен „Народен непријател“ Драмата во пет чина, првпат е објавенна 28 ноември 1882 година со оригинален наслов „En folkefiende“, фасцинантно е колку допирни точки гледаме меѓу општеството во кое живееме и она кое се врти против доктор Стокман.
Продукција е на НУ Македонски народен театар – Скопје Р.С.Македонија.