Во Кошишта и Месокастро се градат нови потпорни ѕидови, информира градоначалникот Кирил Пецаков на официјалниот фејсбук профил.
Зафатот има за цел статичка стабилизација на земјиштето, како и подобрена безбедност на домовите на околните индивидуални станбени објекти – напиша Пецаков.
Изведувач на активностите е фирмата „Бокоп“, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.