Skip to main content

Охриѓанец фатен со дрога

Кривична пријава против 28-годишен охриѓанец кај кого полицијата пронајде кесе со марихуана и кесе со амфетамини и хашиш.
 |  инфодеск  | 
Полиција

СВР Охрид поднесе кривична пријава В.Д.(28) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

При контрола извршена на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициските службеници кај пријавениот пронајдоа и одзедоа ќесе со марихуана и ќесе со амфетамини и хашиш – информираат од СВР Охрид.