Skip to main content

Инспекторите на терен

Бучавата и оваа сезона не ги поштеди стружани

Бучавата и ова лето не ги поштеди стружани и бројните туристи. Гласна музика и врева до раните утрински часови го реметат мирот и сонот на сите. По бројните пријави полицијата и инспекторите на терен.
 |  инфодеск  | 
Струга

Бучавата и оваа сезона не ги поштеди жителите и туристите во Струга. Најгласни се угостителските објекти на плажите и дискотеките во градот, кои го реметат мирот и сонот на сите, се жалат стружани.

Тие им забележуваат и на станоиздавачите кои сместуваат гости кои прават забави со прегласна музика до доцните часови.  

Од општината велат инспекторите излегуваат на терен, шест објекти добија опомена поради надминување на дозволената бучава.

Посебен акцент беше ставен на гласната музика од неколку објекти имавме поплаки кај нас беа доставени една или две, но повеќе имаше во полицијата. Во координација со полициски службеници извршени се неколку надзори, донесени се записници пуштени се опомени – ели Митко Коркутоски, инспектор за животна средина.

Митко Коркутоски

Бројните забави и концерти по дискотеките, ноќните клубови предизвикуваат бучава над  дозволените 50 децибели. Со фонометри се мереше гласноста на музиката и вревата, со цел да се обезбеди мирен одмор на бројните гости.

Им е наложено да одбираат уреди кои ствараат ниско ниво на бучава, да извршат одредени активности во самите објекти ради спречување на ширење на бучавата во животната средина и низа други активности – додава Коркутоски.

Струга

Согласно Законот за прекршоци оној што го нарушува мирот на други со пеење, користење на музички инструменти и други технички уреди во периодот од 15 до 18 часот и после 23 часот до 6 часот наутро, ќе заработи глоба од 200 до 500 евра, а за правно лице предвидeна е казна од 500 до 1.000 евра.

Новинар : Соња Рилковска