Дојде време за последните два настани од четврто алтернативно културно-забавно лето „Културолошка иницијатива 5 до 12“. Љубителите на добрата забава ќе може да уживаат во петок во музичките настапи на Matej Foltz, ZeeBomb, Peco Istok & DJ 5R кои настапуваат под капата на продукцијата @zima.ent!
Brace yourselves ZIMA is coming!
„Настанот кој го очекувавме цело летоконечно ќе се случи нареден викенд на 19.08.2022 од 21ч во Касарна Охрид!“– велат од КИ 5 до 12.
Влезници во претпродажба по цена од 350 денари може да се набават во Охрид – @shilla_coffee и во Скопје – @kantina.mk, додека на врата ќе бидат по цена од 500 ден.
Додека, во сабота и недела продолжува Филмски викенд – отворено кино со автомобили на 20-ти и 21-ви август.
„Мирно лето“ – првата македонска комедија во режија на Димитрие Османли со една од најдобрите актерски екипи на македонското глумиште во сабота, додека во недела „Тетовирање“ – еден од најкултните македонски филмови на нашите простори со актери од цела бивша Југославија, во режија на Столе Попов.
„Влезот ќе биде отворен од 19:30 часот, а проекциите започнуваат во 21 часот, додека по почетокот на проекцијата нема да биде дозволено влегување.“, потенцираат организаторите.
Билетите за филмските проекции се по цена од 500 денари по автомобил и може да се набават во @shilla_coffee.