Градот ќе го спасува пливачкиот маратон
Градот прави обиди да се одржи Охридскиот пливачки маратон. Општината се вклучува да го спаси 60 –тото јубилејно издание на маратонот, откако Пливачката федерација се откажа од организацијата поради блокирана жиро сметка . Оваа вест која вчера ја соопши Претседателот на државата, кој е покровител на манифестацијата, наиде на бурни реакции во охридската и македонската јавност. Во изминативе 12 часа, по откажување на Охридскиот маратонот веднаш се испратени покани до странските пливачки маратонци , а главното прашање за наградниот фонд е сеуште отворено,иако има најави за финансиска поддршка од бизнис компании, изјави Кирил Пецаков , градоначалникот на Охрид.
„Околу финансиите се потребни 50.000 евра за да се организира Охридскиот маратон во ова време на откажување. Оваа година може да организираме со толку средства. Општина Охрид е во комуникација со Агенијата за млади и спорт да видиме што може да направат за да се одржи маратонот“, кажа Пецаков.
Македонската Пливачка федерација со години има блокирана жиро сметка. Нема исплатено награден фонд на маратонците во изминатите две години. Должат и на охридски хотели, кажа Кочо Паскали, претседател на ПК „Охридски бранови. Додаде дека пливачкиот клуб е подготвен да ја преземе техничката организација на трката.
„ПК „Охридски бранови“ има реквизити, луѓе , судии , глисер. За 24 часа може да го организираме маратонот заедно со Црвен крст и уште утре да се плива. Донесете пливачи и обезбедете средства“, порача Паскали.
Општина Охрид, во иднина ќе мора да ги земе работите како главен организатор на настанот,најваи охридксиот градончалник. Ние ќе го поканиме Претседателот да биде покровител на манифестацијата и наредната година и другите институции. Ова е настан од државен интерес, но главната организација да ја преземат општината заедно со охридските пливачки клубови. Изјавата за неодржување на Охридскиот маратон ја отвора Пандорината кутија во Пливачката федерација и нештата допрва ќе се дознаваат како и што се случувало таму. Најбитно ни е маратонот да почне да го враќа стариот свој сјај кој привлекуваше да го следат многу луѓе како од Охрид, така и од Македонија, па и од странство, кажа Пецаков.