Шахот од септември изборен предмет
Шахот од септември ќе биде на листата на изборни предмети во основните училишта во Македонија за децата од прво и второ одделение. Сега течат финалните подготовки за имплементација на наставните програми, а дополнително ќе бидат организирани обуки од сертифицирани тренери од ФИДЕ низ цела Македонија вели Зоран Стојчевски, член на управен одбор на Шаховска федерација на Македонија.
Не чека напорна работа во овој период ние ги привршуваме маркетиншките материјали за самата дејност, деталната методологија на час по час за целата учебна година која што ке биде презентирана на потенцијалните наставници односно учителки во прво и второ одделение – истакна Стојчевски.
Се работи за модерна програма која што е конципирана на основа на позитивните искуства пред се на Полска и Англија според која шахот ќе биде средство односно начин како децата низ игра да научат да размислуваат и да бидат подобри личности.
Резултатите очекуваме да бидат слични како во Ерменија која беше пионер во имплементација на шахот во школите каде што е задолжителен предмет од 1-8 одделение. Очекуваме, не да направиме професионалци во шахот, туку тој да им помогне како низ игра да го развиеме интелектот на децата логичкото размислување, да станат подобри личности, полесно да ги совладуваат другите предмети и се надевам утре да бидат корисни членови на ова општество – вели Стојчевски.
Во приватното училиште Јахја Кемал во Скопје и Струга шахот веќе постои како предмет кој се изучува, а се надеваме дека и во државните училишта ќе заживее овој предмет. Наставници ќе се посветат на оваа благородна вештина и ќе допринесат овие наши млади деца да имаат уште една дополнителна смисла во својот развој, додава Стојчевски.