Атлетски клуб охрид трчат
Основните училишта добија атлетска опрема
40 маркери, 2 топки за одделенци, 4 хулахопи, 25 мали топчиња и две мали пречки е опремата која ќе ја добијат сите основни училишта во Охрид. Донацијата е од Атлетскиот клуб „Охрид трчаТ“.
Атлетскиот клуб „Охрид ТрчаТ“ донираше атлетска опрема за сите основни училишта во градот.
Донацијата се состои од сет атлетски реквизити (40 маркери, 2 топки за одделенци, 4 хулахопи, 25 мали топчиња и две мали пречки) кои ќе бидат донирани за секое училиште.

Атлетските реквизити се наменети за најмалите ученици и ќе бидат од особено значење за професорите по физичка култура во делот на реализација на наставата по физичко образование со посебен акцент на атлетиката.


