Skip to main content

Охридско струшки регион

60% од децата имаат проблем на рбетниот столб

Поразителни бројки, околу 60% од децата во охридско-струшкиот регион имаат деформитети на рбетниот столб или обезност. Главна причина недоволна физичка активност. Пандемијата и онлајн наставата дополнително ги продлабочија овие здравствени последици.
 |  инфодеск  | 
Деца рбетен столб

Околу 60 % од децата во охридско-струшкиот регион имаат некакви деформитети на рбетниот столб. Дополнително голем дел од младите денес се соочуваат и со обезност.

Главна причина е недоволна физичка активност. Наместо на игралишта и во паркови, децата се на телефони и компјутери. Пандемијата и онлајн наставата дополнително придонесоа за вакви здравствени последици.

Околу 60% од децата имаат некаков деформитет на рбетниот столб можете да замислите после две години пандемија. Не сум информиран дека е направена нова студија, но претпоставувам дека тој процент е уште поголем и попоразителен. Претпоставувам дека се во голема мера покачени тие дефаворизирачки параметри на деформитети и обезност – вели професорот по спорт, Коста Хиохи.

За разлика од минатото денес за спорт потребни се и пари, членарини за клубови и опрема, според спортистите неопходна е национална стратегија за спорт и мотивирање на младите.

Во секој случај тоа е резултат по мое мислење, немање на соодветна национална стратегија за тука влегува освен спортот од висока перформанса – спорт за натпреварување и спорт за сите да се инволвираат и децата од претшколска возраст дури и возрасните – додава Хиохи.

Како последица на „седечки” начин на живот се јавува недоволна развиеност на мускулите, а младите коски трпат промени кои доведуваат до деформитети на стапалата и ‘рбетниот столб.

Новинар : Соња Рилковска