Skip to main content

Градежно земјиште

Пецаков : Цената со Уредба ја утврдува Владата

Цената по метар квадратен, ја утврдува Владата со Уредба за висина на цената на градежното земјиште во сопственост на РМ, вели Пецаков.
 |  инфодеск  | 
Кирил Пецаков

Поставувањето на Предлог програмата за управување со градежно земјиште во сопственост на општината е Законска обврска и таа се носи еднаш годишно. Значи поставувањето на оваа точка на дневен ред не е скандал туку претставува законска обврска на Локалната самоуправа и воедно тоа не значи дека програмата ќе се рализира во целост, реагира Градоначалникот Кирил Пецаков на соопштението на Левица и на СДСМ.

Што се однесува на цената по метар квадратен, таа ја утврдува Владата со Уредба за висина на цената на градежното земјиште во сопственост на Република Македонија. Во табеларниот приказ кој е во составен дел на Уредбата детално се прикажани ПОЧЕТНИТЕ цени на државното земјиште за отуѓување. Тоа значи дека Општина Охрид нема никаква надлежност за утврдување на цената на градежното земјиште – посочува Пецаков.  

А во врска со соопштението на СДСМ, Пецаков им порача на советниците пред да напишат нешто претходно да се консултираат со координаторката на советничката група, посочувајќи дека како претседателка на Советот на Општина Охрид 4 години ја поставувала истата точка на дневен ред.