Skip to main content

Пет починати лица

Нови 429 случаи на ковид во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, од направени 1284 тестови, регистрирани се нови 429 случаи на ковид 19.
 |  инфодеск  | 
Kорона тест

Во последните 24 часа регистрирани се 429 нови случаи на ковид-19 од направени 1.284 тестови, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број на позитивни (429), регистрирани се 95 реинфекции.

Во текот на изминатото деноноќие пријавено е едно починато лице од Скопје (70г). Од Регистарот на починати од ковид од Мој Термин регистрирани се четири починати лица, од Скопје (73г), Битола (82г), Струмица (82г) и Охрид (49г).

Од новозаразените, најмногу има во Скопје – 171, Охрид 28, Битола 27, Куманово 19, Прилеп, Кавадарци, Велес и Гевгелија по 17, Штип, Делчево и Берово по 13, Тетово и Кочани по 12, Радовиш 7, Неготино 6, Струмица, Кичево, Крива Паланка, Дебар и Демир Хисар по 4, Гостивар, Струга, Валандово и Кратово по 3, Ресен и Виница по 2, и Свети Николе, Македонски Брод, Македонска Каменица и Пехчево по еден нов случај.

Регистрирани се 572 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 338.549, бројот на оздравени пациенти е 326.217, на починати е 9.455, а бројот на активни случаи изнесува 2.877.