Skip to main content

Акција

Околу два тона хашиш запленети во Турција

Министерот упати честитки до жандармеријата за акцијата и посочи дека турските служби продолжуваат со интензивната борба против илегалната трговија со дрога и наркотици.
 |  инфодеск  | 
Хашиш

Турската полиција открила и запленила речиси два тона хашиш во прав, објави на Твитер министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Дрогата била запленета во акција на жандармеријата во југоисточниот округ Дијарбакир, спроведена заеднички со припадници на Одделот за разузнавање и на Дирекцијата за борба против организираниот криминал.

Точната количина на запленетата дрога е тон и 929 килограми.

Министерот упати честитки до жандармеријата за акцијата и посочи дека турските служби продолжуваат со интензивната борба против илегалната трговија со дрога и наркотици.