Skip to main content

Физички напад

Тепачка на ул. Сирма Војвода

Охриѓанец е лишен од слобода откако нападнал двајца сограѓани на улицата „Сирма Војвода“, информираат од СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Полиција

На 23.08.2022 во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.Д. од Охрид.

Тој околу 9 часот на ул. „Сирма Војвода” физички ги нападнал Т.К.(30) и Е.К.(52) од Охрид. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок – се вели во соопштението на СВР Охрид.